Фудбалската легенда, Аргентинецот Лионел Меси е новиот “бренд амбасадор” на турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines.
Во најновата реклама, нему му се придружува и кошаркарската ѕвезда Коби Брајант, во која за време на летот двајцата се натпреваруваат за вниманието на едно младо момче.
Рекламата ќе почне да се емитува кон крајот на годината. Според договорот, Меси е обврзан да се појавува на некои настани што ќе ги организира оваа компанија.
Во септември, Turkish Airlines го продолжи договорот со Коби Брајан на уште две години.
Оваа турска компанија многу инвестира во спонзорства, со цел да го сврти светското внимание кон брендот и да ја зајакне својата глобална позиција. Заштитни лица на Turkish Airlines, покрај Брајант и Меси, досега биле тимот на Манчестер Јунајтед и тенисерката Каролина Возњацки.