Еден од извршните директори на Goldman Sachs пронајден мртов

24

Goldman Sachs

Еден од извршните директори на меѓународната инвестициона банка Goldman Sachs, Николас Валц, бил пронајден мртов. Трагедијата се случила во текот на kitesurfing – eкстремен спорт во кој лицето управува со змеј кој служи како едро додека сурфа на даска.

Според информациите на полицијата во Њујорк, кога Валц бил пронајден мртов, неговото тело било прицврстено за змејот. Потрагата по 32-годишниот Валц започнала откако неговото семејство алармирало дека тој не се вратил од излет.

“Тој е kiteboarder почетник. Пронајден е како лебди во водата, а неговото тело се уште беше прицврстени за змејот“, соопшти полицијата во Њујорк.

Валц почна да работи за Goldman Sachs во 2000 година, а за директор на одделот за продажба на имотот е именуван во 2010 година.