Бијонсе ќе го рекламира Пепси за 50 милиони долари

27

Бијонсе потпиша договор во вредност од 50 милиони долари со Пепси, јавува Њујорк Тајмс. Договорот вклучува традиционални промотивни настапи и нови реклами, но исто така компанијата за пијалоци ќе инвестира во голем број на креативни проекти на пејачката.

Бијонсе ќе се појави во нов телевизиски спот за Пепси. Таа веќе работеше за овој бренд  во 2002 година.

На листата славни личности што снимале реклами за Пепси се и Бритни Спирс, Пинк, Дејвид Бекам, Софија Вергара, Елтон Џон, Мараја Кери и многу други, како и починатиот крал на поп музиката, Мајкл Џексон.

Пепси и ривалската Кока Кола се компании кои најмногу трошат на реклами во кои користат музички и спортски ѕвезди. Според Тајмс, овие компании потрошиле по 148 милиони долари за реклами само во првите шест месеци од оваа година.