Можност за безжичен интернет за станарите на студентскиот дом Пелагонија во Скопје

22

SunWireless излезе со соопштение дека од пред неколку дена во функција е пуштен сервисот во студентскиот дом Пелагонија, со кој на студентите им се овозможува да добијат брза, безбедна и квалитетна безжична интернет врска во нивните соби.

Се што треба да направат станарите на овој студентски дом е да купат SunWireless при пејд картичка со која ќе добијат wi-fi интернет. Безжичниот интернет ќе може да го користат во самиот студентски дом и во останатите хотзони на SunWireless.

Студентскиот дом Пелагонија е 8-ми студентски дом во низа во кој SunWireless обезбедува свој сервис, со што се приклучува на листата на која веќе се наоѓаат и Стив Наумов, Гоце Делчев, Томе Стефановски – Сениќ и Кузман Јосифовски – Питу од Скопје, како и Орде Чопела од Прилеп и штипските студентски домови Браќа Миладиновци и Оаза.