Имлек ќе извезува на рускиот пазар

52

imlek

Српската компанија Имлек до крајот на овој месец ќе добие дозвола за извоз на млеко и сирење во Русија, најавуваат од компанијата Danube Foods група, пишува Б92.

“На рускиот пазар наскоро ќе се најдат Моја кравица, фета, намази, млеко и уште неколку производи од асортиманот на Имлек”, изјави директорката на корпоративни и регулаторни работи на компанијата, Светлана Глумац.

Говорејќи за можноста за продажба на компаниите од Danube Foods група која е во сопственост на инвестицискиот фонд Салфорд, Глумац нагласи дека фирмите нема да се продаваат по било која цена.

Имлек е сопственик на неколку млекарници во регионот, а во Македонија е присутна преку Битолска млекарница.

Во рамките на Danube Foods групата, освен Имлек работат и Млекарница Суботица, Бамби Банат и Књаз Милош.