Општина Струмица продаде 15 парцели во индустриската зона

39

На електронско јавно наддавање Општина Струмица продаде 15 парцели или вкупно 98.555 метри квадратни во индустриската зона за вкупно 62,3 милиони денари или над еден милион евра.

Според надлежните, интересот на инвеститорите бил голем, при што метар квадратен земјиште се откупувал за 100 до 4.000 денари. Нивните имиња ќе бидат познати по потпишувањето на купопродажните договори со општина Струмица.