Во Велес и Велешко на лицитација со електронско јавно надавање продадени се 11 плаца за изградба на погони на мало стопанство.
Како што информира градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, петте плаца се во населбата Тунел, два во новиот дел на Велес, додека шест парцели се во Индустриската зона Караслари, кои се поголеми по површина и на кои ќе се градат капацитети за лесна и незагадувачка индустрија, јавува Миа.
Чадиев информираше дека се продадени и пет парцели во градското подрачје наменети за домување. Новите сопственици кои дале најповолна понуда ќе добијат маркица за градење на станбен објект за домување.
Чадиев истакна дека меѓу компаниите има и една странска, но дека по законскиот рок од 15 дена за жалба ќе ги соопштат сопствениците и цената по која се продадени. Тој најави дека наскоро Општина Велес ќе започне и постапка за нова индустриска зона кај село Мамутчево.