Припадниците на српската криминалистичка полиција утрово приведоа десет лица, меѓу кои се најбогатиот Србин, сопственикот на Делта холдинг, Мирослав Мишковиќ, сопственикот на фирмата Мера инвестмент фонд, Марко Мишковиќ и сопственикот на Нибенс група, Шер корпорација и ПТП Ниш, Мило Ѓурашковиќ, пренесуваат српските медиуми.
Мирослав и Марко Мишковиќ се приведени во седум часот наутро во својата куќа. Добиле решение за задржување од 48 часа, а во рок од тие 48 часа обвинителот ќе одлучи колкав притвор ќе им одреди. Акцијата е спроведена затоа што обвинителот оценил дека постојат елементи на кривично дело во случајот Нибенс група.
Приведените се сомничат за малверзации при приватизација на претпријатијата за патишта. Тие со злоупотреба на службената должност извлекувале средства и имот од приватизираните претпријатија и незаконски стекнале имотна корист од преку 30 милиони евра.