Бугарија: Слабиот род на грозјето ќе ги качи цените на виното и ракијата?

43

vino

Слабиот род и послабиот квалитет на грозјето поради обилните врнежи, оваа зима може да ја качи цената на виното и ракијата од 10% до 15% во Бугарија, пишува Darik news.

Некои места во Бугарија очекуваат и до 60% пониски приноси.

Проблеми има и кај извозот на вино. Поради ситуацијата во Украина, бугарските производители на вино бираат заобиколни маршути кон Русија за да ги испорачаат веќе договорените шишиња.

Сепак, според директорот на Извршната агенција за лоза и вино, Красимир Коев, поголеми потреси на пазарот не се очекуваат. Како што изјави Коев за Дарик, овогодишната реколта ќе биде помала во однос на онаа лани. Минатата година винарските препријатија преработиле 250.000 тони грозје, а прогнозите се дека годинава ќе се преработат 200.000 тони. Намалување ќе има, но ќе нема криза, вели Коев.