Тиквеш: Во оваа фаза, не пројавуваме интерес за купување удел во хрватската винарница Планчиќ

88

plancic

По пишувањата на хрватските медиуми дека македонската Винарија Тиквеш е заинтересирана за купување на хварската винарија Планчиќ, за Бизнис Инфо од Тиквеш велат дека во оваа фаза не се заинтересирани за купување удел во оваа хрватска винарница.

„ВВ Тиквеш е запознаен со продажбата на удел во винарницата Планчиќ. До компанијата е стигната прелиминарна информација за покажување интерес. Во оваа фаза, не пројавуваме интерес за купување удел во оваа хрватска винарница“, велат од ВВ Тиквеш.

Загрепската Croatia Lloyd, компанија во сопственост на Кроација осигурање, минатата недела објави тендер за продажба на 51% удел што го има во фирмата Планчиќ, првиот приватен винар на просторите на поранешна Југославија.

Планчиќ поседува 30 хектари лозов насад, концесија на уште 180 хектари државно земјиште, околу 200.000 литри вино залихи, како и винарско – туристички проект на подрачјето на Пољица на Хвар.