Компанијата ОКТА донираше 20 десктоп компјутери за Клиниката за детски болести. Донацијата во компјутерска опрема ќе помогне клиниката во целост да го имплементира системот за квалитет во работата.
“ОКТА и понатаму останува посветена на подобрување на состојбата на Клиниката за детски болести. Овој пат се решивме да донираме компјутерска опрема со што ќе овозможиме модернизирање на условите за работа. Се надевам дека нашата донација ќе придонесе за поефикасно административно работење на болницата“, изјави главниот извршен директор на ОКТА, Виктор Папаконстантину.
Компјутерската опрема е веќе инсталирана и со тоа Клиниката за Детски болести комплетно ќе го имплементира ИСО 9001:2008, системот со кој се гарантира квалитет во работата.
“Нашата клиника во ОКТА препозна свој пријател и поддржувач на долг период. Покрај тековната кампања, Шанса за живот, оваа донација ни овозможи унапредување на услугите на нашава здравствена установа. Донираната опрема e важна за побрзо и поефикасно извршување на нашите тековни обврски во согласност со европските медицински стандарди“, изјави директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова.