Имотот наречен Le Palais Royal е најскапиот дом за продажба во САД и чини 139 милиони долари.
Куќата во францускиот стил се наоѓа во Флорида на плажата за милионери Hillsboro Beach.
Имотот се протега на 18.288 метри квадратни и има 11 спални соби, 17 тоалети и прв приватен IMAX театар со седишта за 18 луѓе, бар и дневен престој.
Исто така има 150 метри приватно пристаниште, подземна гаража за 30 коли и 150 метри базен.
Куќата моментално е во завршна фаза на изградба и се очекува да биде готова до крајот на 2015 година.
Според The Wall Street Journal имотот е во сопственост на магнатот Роберт Переира.