Горивата поскапи за половина денар

38

goriva

Бензините и дизелот од ноќеска ќе имаат нови цени повисоки за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува 55 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,540 ден/кг и ќе чини 39,160 ден/кг.