Долгогодишните пријатели Кваме Молден и Морис Дејвис од Северна Каролина создадоа модерни дрвени часовници под називот SPGBK (Spring Break).
По деталното истражување на пазарот го почнале проектот за креирање на дрвен часовник што ќе биде стилски и еколошки, а да не достигне висока цена.
“Воочивме дека недостасува оригиналност во производството на часовници. Сите носат исти метални или дебели пластични часовници, а што се однесува до дрвените часовници се исклучително скапи, здодевни и непожелни”, велат Кваме и Дејвис.
Часовниците се изработени од рециклиран јавор што е комплетно биоразградлив, одржлив и антиалергиски.