Домаќинките во 21-от век постојано се во потрага по технологија што ќе им го направи животот многу поедноставен, а со тоа ќе можат навреме да ги завршат сите обврски за да имаат повеќе слободно време за себе.
Во прилог на тоа оди и најновиот изум – роботот Борис, дело на професорот Џереми Вајт од Универзитетот во Бирмингем. Тој заедно со неговите колеги развија робот под името Борис, кој со помош на сензори и три компјутери, може да ги препознае садовите во кујната и да им го пронајде вистинското место во машината за миење садови.
Овој робот на главата има четири камери кои му помагаат во мерење на предметите и на која оддалеченост се наоѓаат. Секоја рака има три кружни зглобови кои нудат максимална флексибилност, а секоја дланка има пет прсти кои ги придвижуваат 20 мали мотори. Во една секунда може да анализира 100 потенцијални начини како да го фати предметот и секогаш да го одбере вистинскиот.
Секој прст на роботот има сензор што му јавува колку треба да го притисне предметот. Рацете на Борис се изработени од лесна легура на алуминиум и секоја може да подигне 16 килограми. Во “главата“ на Борис се сместени пет камери. Двете широкоаголни му овозможуваат да види што е тоа што ќе го земе со “раката“, додека двете HD камери покажуваат детали за предметот и ја мерат длабочината на просторот.
За развој на овој робот групата научници потрошила околу 450.000 евра. Универзитетот во Бирмингем се уште не открива дали овој робот ќе почне масовно да се произведува, но нема сомнение дека ќе наиде на голем интерес од голем број практични домаќинки.