Станувањето рано наутро за многумина е голем проблем, па често пати доцнат на закажаниот состанок или не можат навреме да стигнат на работното место. Wakie е мобилна апликација што нуди решение на овој проблем, но на исклучително креативен начин.
Иако можеби не се познаваат меѓу себе и живеат на различни страни во светот, Wakie ги поврзува и им дава можност да ги разбудат своите “сајбер“ пријатели.
Апликацијата засега е достапна во САД, Канада, Велика Британија и Хонг Конг, доколку некој сака да ја користи оваа услуга, а ако некој покажува интерес само да буди луѓе, може да се пријави од било која земја во светот.
Доколку Wakie сервисот не е достапен, тоа не значи дека некој што побарал да го разбудат ќе се успие, бидејќи ќе се активира автоматизиран повик.
Wakie е достапен за Андроид и Windows Phone, додека iPhone верзијата чека одобрение од Apple.