Колку чини секој дел од iPhone 6?

54

iphone 6+

Технолошкиот гигант Apple на почетокот на овој месец ги претстави најновите модели на iPhone 6 и iPhone 6 Plus, што предизвика голем интерес во светската јавност. Но, она што секако ги интересира вљубениците во новите технолошки достигнувања е вистинската цена на чинење за изработка на овие паметни телефони.

Стручниот тим на интернет страницата teardown.com направи комплетна анализа на внатрешноста на iPhone 6 и iPhone 6 Plus со цел да дојде до нивната цена на чинење.

Прелиминарните анализи на iPhone 6 и iPhone 6 Plus покажуваат дека за нивна изработка се потрошени 227 односно 242,50 долари, што е за 15% повеќе во однос на направените трошоци за изработка на iPhone 5Ѕ.

iPhone-Cost-Comparison

За изработка на дисплејот на iPhone 6 се потрошени 41,50 долари, за поголемиот модел 51 долар, додека кај iPhone 5Ѕ тоа чинеше 36,09 долари.

Apple одвојува по 3,50 долари за изработка на батеријата iPhone 6, додека тој трошок кај iPhone 6 Plus е шест долари. Кога станува збор за камерата, нејзината цена е 16,50 долари, додека меморијата и просторот за складирање на податоците вреди 14 долари.

Цената, со двегодишен договор во САД за iPhone со меморија од 16, 64 и 128 GB, е од 199, 299 и 399 долари. Од 19 септември може да се купи само во неколку земји, а до крајот на годината ќе биде достапен во 115 земји ширум светот. Цената на iPhone 6 Plus е за 100 долари поголема во зависност од меморијата на мобилниот телефон.