Лозовите насади во Бугарија овој месец од кражби ги чува полицијата, јавува Нова телевизија, пренесува news.bg.
Според податоците од лозарската бранша, поради лошото време, оваа година загубите се меѓу 50% и 70%. Лозарите одамна не паметат толку дождлива година. Но, освен што природата драстично ја намали реколтата, закана за грозјето се и луѓето. За да се спречат кражбите на она малку гројзе што остана, воведени се дежурства и локални патроли на полицијата во најранливите часови, од 18.00 до 6.00 часот.
Крајот на гроздоберот е на 29 септември и со него завршуваат активностите на патролите во лозјата.