Германскиот “месар” Tönnies заинтересиран за производство во Србија

43

ger

Германската компанија Tönnies, најголемиот европски произведувач и извозник на месо, е заинтересирана за започнување со производство во Србија и за зголемување на сточниот фонд во оваа земја. Ова го истакна истакна сопственикот Клеменс Тонис во саботата, при посетата на претседателот на српската влада Александра Вучиќ на оваа компанија, јавува Танјуг.

Вучиќ истакна дека добар дел од идната соработка е веќе договорен и она што е изгубено во сточниот фонд во последните 10 – 15 години, може да биде надоместено во само две години. Со оваа инвестиција, според Вучиќ, би можеле да се вработат околу 8.000 луѓе – работници во производството и кооперанти.

Сопственикот на оваа германска компанија, Клеменс Тонис е претседател и на фудбалскиот клуб Шалке.