Тестиран првиот автомобил што ќе се движи на погон на ветер

40

kola na veter

Првиот автомобил што ќе се движи на енергијата на ветерот успешно ги помина првите километри. Во Јужна Кореја успешно поминал тестот на возилото што се движи со генератор со внатрешен механизам кој имитира движење на знаме и енергијата на ветерот ја претвора во електрична енергија што се користи како погон за возилата, пренесува Croenergo.eu.

Генераторот со големина 7,5 х 5 сантиметри е монтиран на покривот на автомобилот и успешно произведе електрична енергија од 0,86 mW. Експериментот е резултат на заедничкиот проект на националниот Универзитет Jong Jin Park Chonnam од Гванги и истражувачкиот центар на Samsung.

Да се претвори воздухот во енергија со помош на евтин и едноставен генератор, кој како база ги користи основните механизми на движењето на знамето, беше главна цел на проектот. “Знамето“ поради тресењето на ветерот удира во металната база и создава набој што го претвора во електрична енергија.

Слични вакви механизми и претходно биле тестирани, но имаа ограничени резултати.