Hewlett Packard ќе се подели на две компании

93

hp

Технолошкиот гигант од Силиконската долина Hewlett Packard (HP) настојува да се прилагоди на новините во ИТ технологиите, па затоа планира да се подели во две компании и на тој начин да се фокусира на брзорастечкиот технолошки пазар, објавува Wall Street Journal.

Ова ќе биде значајно моделирање на еден од најважните технолошки компании, каде што има над 300.000 вработени и е на пат кон остварување на приходи од над 112 милијарди долари за оваа фискална година.

Според планот, HP ќе ги одвои своите деловни потфати поврзани со компјутери  од работите поврзани со корпоративните хардвери и услуги. Приходите што ХР ги оствари од производство на преносни компјутери се околу половина, а толкаво е и учеството во добивката на компанијата.

ХР во 1939 година ја основаа Бил Хулит и Дејв Пакард во гаража во Пало Алто во Калифорнија. Станува збор за една од компаниите кои во Силиконската долина  направија вистински технолошки бум.