Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, утре, осми октомври, ќе им додели сертификати и благодарници на претприемачи, менаџери и ментори, кои изминатата година беа дел од ЦЕЕД бизнис едукативниот клуб и менаџерските програми на ЦЕЕД Македонија, како и на учесниците во УСАИД проектот за микро и мали претпријатија, а воедно ќе ги промовира новостите и активностите на клубот за следната сезона.
Настанот ќе се одржи во хотел Александар Палас, со почеток во 19 часот и е од отворен карактер за секој кој е заинтересиран за вклучување во глобалната мрежа на ЦЕЕД.
На доделувањето ќе се обрати г-дин Џејмс Стеин, директор на мисијата на УСАИД и г-ѓа Катарина Штокер, заменик директор на мисијата во Швајцарската амбасада.
На свеченото доделување ќе присуствуваат преку 400 претприемачи, сопственици на бизниси, менаџери, претставници на компании, луѓе од светот на бизнисот.
ЦЕЕД Македонија игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни преку вмрежување на учесниците со ментори и претпримачи кои можат да им помогнат во бизнисот, а воедно на претприемачите им обезбедува know-how бизнис решенија преку своите програми, но и пристап до финансии и до нови пазари.
ЦЕЕД Македонија е дел од интернационална мрежа на центри за претприемништво, со канцеларии во 12 земји. За седум години постоење, преку програмите на Центарот успешно поминале 881 претприемачи и менаџери. Повеќе на www.ceed-macedonia.org.