Телекомуникацискиот оператор ОНЕ од денеска започнува нова супер атрактивна промоција во мобилен постпејд. Единствено во ОНЕ, од 10 октомври па се до истекот на промотивниот период, корисниците кои ќе го изберат новиот постпејд пакет Смарт М Плус ќе зборуваат и испраќаат СМС пораки кон сите мрежи без ограничувања на времето и бројот на пораките, опуштено ќе сурфаат на мобилен интернет, а притоа и бесплатно ќе добијат одличен смарт телефон.
Новиот Смарт М Плус е единствен по своите карактеристики и во моментот најконкурентен постпејд на пазарот кој за само 599 денари месечна претплата нуди неограничени разговори кон сите национални мрежи, неограничени СМС пораки кон сите национални мрежи, 20 GB мобилен интернет секој месец и смарт телефон LG 40 за 0 денари.
Промоцијата важи за сите нови, но и постоечки приватни и бизнис постпејд корисници на ОНЕ кои ќе направат обнова на договорот на нови 24 месеци.
Корисниците кои немаат потреба од нов телефон, може да изберат Смарт М тарифен модел, со истите поволности во однос на неограничените разговори и СМС пораки и 20 GB мобилен интернет, а за само 499 денари месечна претплата.
Дополнително, за корисниците кои ќе одлучат да го префрлат својот број од другите мрежи во мрежата на ОНЕ, ОНЕ нуди и попуст за нов мобилен телефон.