Биди паметен, избери претприемништво: Маја, Александра и Зоран

konf

На 15 октомври на Економски факултет во Скопје, SWT Alumni Македонија ќе ја организира втората по ред Smart Up конференција, чија основна цел е да ги мотивира и да го поттикне претприемачкиот дух на младите во Македонија. На конференцијата, десет млади, успешни претприемачи кои беа дел од првата Start Up академија, во две минутна презентација ќе ги претстават своите бизнис идеи на кои работеа за време на првата Start Up Aкадемија.

Ова се идеите на Маја Илиевска, Александра Стојановска и Зоран Настески

Маја Илиевска – Domino the Effect

majaПретприемништвото нуди свои бенефити, но и ризици за кои секој млад претприемач треба да е спремен. Со својот старт – ап бизнис Domino the Effect, кој е лидер на маркетот за промоција преку материјали за достава, веќе осум месеци сум во претприемачките води и за ова искуство можам да кажам дека е мојата втора школа. Доколку Вашата цел е секој месец да добивате константна плата, каде што работното време точно завршува во 5 часот, тогаш мојот совет би бил да изберете вработување. Доколку имате идеја која е можна за реализација и е во согласност во вашиот буџет и најважно, подготвени сте да вложите голем труд, тогаш советот би бил да го изберете претприемништвото како опција. Јас лично наоѓам сопствена сатисфакција да бидам претприемач и да го растам својот бизнис од неговите бебешки чекори. Постојано се соочувам со нови предизвици, преку кои учам и добивам нови искуства. Реално гледано ова е потешкиот пат, поради тоа што вклучува многу труд и неизвесност за крајната добивка, затоа и самата работа бара висока мотивација. Најголемата причина зошто се одлучив за свој бизнис е поради тоа што јас го сакам тоа што го работам и го водам бизнисот според свои сопствени идеали и сопствена визија. Во исчекување сум на првиот роденден на самиот бизнис, со радост го прославувам секој нов добиен клиент и се радувам на тоа што почнав да градам тим околу мене. Ова се нематеријални бенефити кои јас не можам да ги пронајдам со вработувањето во друга фирма. Мислам дека многу луѓе се одлучуваат за вработување поради сигурните финансиски средства, но на долг рок нивната работа не предизвикува сатисфакција и самите почнуваат да ја губат мотивацијата на работното место. Се согласувам со фактот дека претриемачите можеби требаат да добијат одредено работно искуство пред да започнат со бизнис, но стојам зад тоа дека со преземањето на самиот чекот за отворање на старт – ап бизнис Вие самите ќе бидете инволвирани во многу различни полиња кои ќе го зголемат Вашето знаење за многу поголем процент. Многу претприемачи не успеваат со својот прв бизнис, но тоа јас не го гледам како лоша работа, тоа е само дополнително искуство кое ќе те спреми за предизвиците во иднина. Отворањето на следен бизнис може само да Ви ги зголеми гледиштата и знаењата. На крајот кога ќе се споредат истите со вработен кој ја врши истата работа секој ден за време од три години, мислам дека претприемачот ќе победи во нематеријалниот бенефит или во нивото на новата стекната школа. Секако, секое искуство и школо чини пари, затоа доколку не сте спремни да ја жртвувате сигурната плата како вработен во една фирма, не би Ве советувала да навлезете во претприемачките води. Верувам повеќето од Вас спаѓаат во процентот на луѓе кои се заинтересирани за материјалните средства, затоа би сакала да напоменам дека ризикот и претприемачката школа во иднина можат да Ви донесат многу поголем профит и сатисфакција отколку стандарната плата. Јас сум од тие што додека сум млада би сакала да учам и да ризикувам.

Од денешна перспектива академијата ја гледам како ново движење во Македонија за кое што не бев свесна до пред некое време. Сметам дека од самата академија произлегува нова претприемничка генерација која за 20 години верувам дека ќе се оформи во клуб на бизнис ангели кој ќе бидат подржувачи на стартапите во Македонија. Можам да заклучам дека самата академија мене ми отвори многу врати и претставува место кое што ги прошири моите хоризонти и гледишта. Во Македонија свеста за претприемништвото е на пониско ниво и мислам дека со отворањето на академијата се започна еден нов тренд меѓу младите кој ги потикна на размислување за реализација на своите студентски бизнис идеи. Пред отворање на бизнисот се соочив со финансиски и правни проблеми за кои немав доволно познавање. Но, на самите семинари имав можност да се советувам со експерти од различни полиња од кои добив непроценливи информации што ги искористив во иднина при отворање на бизнисот. Од денешна гледна точка сум горд член на организација која поттикнува вакво движење во Македонија. Организација во чија позадина работат вистински претприемачи, лидери и млади луѓе од кој имам добиено голема поддршка и непроценливи совети.

Краток опис за бизнисот

Маркетинг компанија која нуди алтернативни маркетинг решенија за млади и средни компании. Domino the effect ги користи празните делови на кутиите за пица за поставување на логоа и купони од компаниите.

Александра Стојановска –  Зошто избрав претприемништво

aleksandraМислата ме врти кон она познатото дека претприемништвото ме избрало мене. Не знам, и не би сакала да знам чија одлука било да се фрлам во длабока вода и цела младост постепено да учам како да пливам. Цивилизацијата се развива заради континуирано постоење на конфликти, то ест проблеми. Тоа иако ограничува сепак провоцира, мотовира, насочува и укажува на микро детали. Јас сум личност која сака да решава проблеми, кои најчесто не ме засегаат само лично. Паметам во детството како сум врзувала врвки на сите другари само за да можеме подолго да останеме надвор. Свесна сум за фактот дека позиција во која целосно се вложуваш, но си одговорен за доброто на маса луѓе и не е најлесниот начин. Но ако е тоа најстабилниот пат до целта, тогаш ете го одговорот дали младите треба да изберат претприемништво пред вработување. Не се плашете од интервјуа и апликации за практикантска работа, волонтирање или проекти. Плашете се доколку во седмицата не сте потполниле барем една таква изјава. Избрав претприемништво затоа што повеќе се гордеам со гласен успех во име на тимот отколку прикриена краткотрајна победа. Во денешно време поимот вработување е еден од доловите во планината, такви ќе има многу и со различни резултати. А знаете зошто? Бидејќи друг ви ја црта патеката. Сега затворете ги очите и издигнете ја вашата планина, не мора да е висока или стрмна, важно е ваша! Честитам, добредојдовте во кругот на претприемачите!

Доколку не би имала ни секунда за размислување а треба да одговорам само со еден збор, START UP академијата ја гледам како скала. Но концептот за искачување во нагорна линија како на професионален, така и на персонален план е само застарен стереотип од времето во кое медиумот наречен книга бил единствен пренесувач на знаење. Денес сметам дека куферот на знаења, вештини, искуства, подеми и падови станува се пополн и поскапоцен, но со тоа и потежок за носење. Па со секоја искачена скала се задолжувам кон оние кои ми помогнале да стигнам до таму дека се што сум стекнала ќе го пренесам на оние со кои допрва ќе ни се прекрстат патиштата. Слично на генетскиот материјал кој со генерации пренесува информација во форма се уште непозната за голем дел од светот. И да, Академијата е една клетка во сите наши животи која донесе маса на информации, можности и контакти, па се надевам достојно ќе се носиме со својот товар, по пат кон наредната скала на патеката.

Зоран Настески – Career Lab

zoranИскрено имам долгогодишно работно искуство, моето прво работно место беше на 14 години во интернет кафе каде што научив да работам со пари и да комуницирам со муштерии. Имам работено за повеќе наши и странски компании од каде што изградив големо работно и професионално искуство, па оттука и би одговорил дека на младите пред се им препорачувам да влезат во работен однос чисто за да ја искусат во професионалната работна атмосфера. Основен елемент на претприемништвото е превземањето ризици, а доколку истите не бидат добро искалкулирани и менаџирани постои голема можност за неуспех. Во секој случај мислам дека во претприемништвото нема строго дефинирани правила, па затоа ако имате чувство дека ќе успеете и одлична идеја за иновација и решение што не ви дава да спиете навечер, немојте премногу да мислите, започнете сопствен бизнис. За претприемништво се одлучив баш поради оваа причина, добив иновативна идеја која не ме оставаше да спијам со недели, па се одлучив да работам на истата за да можам да спијам навечер. Можеби ова звучи премногу клише, како да почнав да работам на сонот, но за мене искрено и баш тоа претставува.

Јас лично се запознав со тимот на академијата и нејзината програма неколку месеци откако го започнав својот бизнис и за мене не само што претставуваше убрзан курс за претприемништво и менаџмент, него и ми овозможи да запознаам многу млади лидери со брилиантни идеи, да влезам во една мрежа на претприемачи кои носат решенија на проблеми во општеството и ја подобруваат економијата во државата. Квалитетот на оваа академија е на многу високо ниво и многу веќе постоечки програми можат слободно да погледнат и да видат што всушност успеаа да направат неколку млади лидери и да научат повеќе за социјалниот пристап кон претприемништвото. Амбицијата на оваа академија е од големи размери, па затоа ја препорачувам за сите оние со искра за сопствен бизнис.

Краток опис на бизнисот

ccМобилна апликација која ги соединува сите банкарски сметки во една. Може да се следат примањата и плаќањата, исто така може да се планираат сопствените финансии само со неколку кликови на Вашиот смартфон.