Здружението за борба против рак БОРКА – за секој нов ден, по повод одбележувањето на месец октомври – светски месец посветен на борбата против ракот на дојка, ќе одржи VII Национална конференција за рак на дојка.
Конференцијата ќе се одржи денеска, 14 октомври 2014 година, со почеток во 18.00 часот, во конференциската сала на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Скопје.
Специјален гостин на конференцијата ќе биде проф. д-р Жозеф Глигоров, спец. онколог, APHP Tenon – University Cancer Institute – Pierre & Marie Curie, Sorbonne university.
Здружението Борка – за секој нов ден е невладина, непрофитна организација основана како организација за поддршка на граѓаните, пациентите, нивните семејства и здравствени организации во борбата против сите видови на рак во Република Македонија.