Апликацијата PhotoMath, на хрватската компанија PhotoPay, ја користи камерата на мобилниот телефон за решавање на математички задачи. Се што треба да направи корисникот е да ја насочи камерата кон равенката и ќе го добие решението на екранот. Целта на апликацијата е да биде корисна алатка за учење, затоа што ги прикажува и деталните чекори кои водат до решението.
Апликацијата е бесплатна и може да се преземе од App Store и Windows Phone платформите, а за почетокот на следната година е најавена и верзија за Android.