Директорите на компаниите во Франција повеќе нема да се соочуваат со затворска казна доколку прекршат некои од работничките права, изјави францускиот министер за економија Емануел Макрон, пренесува Блумберг.
Промената е направена поради загриженоста што ја изразиле странските инвеститори, а доаѓа и како дел од промената на француското законодавство со цел да се поттикне бизнисот и да се зајакне економскиот раст.
Во иднина, за нарушување на работничките права и прекршување на законската регулатива во тој дел ќе следуваат парични казни, што е пракса во другите земји.
Францускиот претседател Франсоа Оланд е во постојана потрага по модели и решенија за економски раст по тригодишната криза. Неговата цел е да ги поттикне економските партнери од Европската унија да ја користат Франција како земја за развој на нивниот бизнис.