Поп дивата Бијонсе и Сер Филип Грин, сопственикот на TopShop, склучија партнерство за соработка во бизнисот со луксузна спортска облека.
Новата линија на популарната пејачка и милијардерот ќе го носи името Parkwood TopShop Athletic и ќе произведува спортска облека која освен во сала за вежбање, ќе може слободно да се носи и надвор, како дел од секојдневната гардероба.
Брендот ќе вклучува облека, обувки и аксесори кои се користат за фитнес, модерен танц, и разни спортски категории.
Одлуката за ваков тип на облека е тоа што модерните спортски парчиња се веќе дел од секојдневниот излгед, и често можат да се забележат и на улиците.
Ова не е прва соработка со славна ѕвезда на бизнис могулот. Во 2012 Грин потпиша договор со реалити ѕвездите Кардашијан за реализација на веб сајтот Kollection, дел од неговиот ланец продавници за облека Dorothy Perkins.