Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика, во вториот квартал од годинава активното население во Македонија брои 942.420 лица од кои вработени се 648.200 или 68.8%, а 294.220 лица или 31,2% се невработени.
Бројот на невработените во вториот квартал во однос на првиот квартал е помал за 0,4%. Стапката на активност во второто тримесечие од годинава е 56,5, стапката на вработеност 38,3, а стапката на невработеност е 31,2.