Топ 300: Најголемите компании во Србија

292

nis

Најпрофитабилната компанија во 2013 година во Србија, со нето профит од 406,3 милиони евра, е Нафтена индустрија Србија (НИС), со што се пласира на првото место на едицијата 300 најголеми компании, јавува Танјуг.

Второто место на листата што ја претстави неделникот НИН во соработка со Агенцијата за стопански регистар, со остварена нето добивка од 160,7 милиони евра го држи Електростопанство Србија (ЕПС). На третото место се наоѓа Телеком Србија со добивка од 132 милиони евра.

Според приходите, на прво место повторно е НИС со 2,097 милијарди евра. Следува Фиат со 1,44 милијарди евра и ЕПС со 1,279 милијарди евра приход.