Раде Кончар – Апаратна техника прокнижи добивка од 4,3 милиони денари

23

 

rk

Компанијата Раде Кончар – Апаратна техника оствари нето добивка од 4.363.000 денари во период од први јануари до 30 септември, покажуваат податоците од неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период минатата година, компанијата реализираше добивка во висина од 2.952.000 денари.

Вкупните приходите се на ниво од 172.057.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 76.966.000 денари, додека остатокот од 95.091.000 денари се остварени на странски пазари.