Компанијата Агроплод Ресен оствари загуба од 1.235.000 денари, во период од први јануари до 30 септември, што е за 55 милиони денари помалку во однос на минатогодишната загуба од 56.802.000 денари.
Ова го покажуваат податоците од билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Вкупните приходи од продажба, за девет месеци, се на ниво од 15.695.000 денари, додека истиот период минатата година беа 9.167.000 денари.