Видео: Паметна нараквица ја претвора раката во екран

68

pametna narakvica

На технолошките пронајдоци со предзнак “паметни“ им нема крај. Британски инженери успеаја да креираат паметна нараквица, што во себе има проектор што човечкото тело го претвора во екран, каков што имаат мобилните телефони.

Група иноватори од компанијата Cicret успеаја да дизајнираат паметна нараквица што може да го прикаже екранот од паметниот телефон на раката на корисникот. Поради вградените сензори, нараквицата може лесно да препознае кое копче корисникот сака да го притисне. Креаторите планираат да вградат и чип преку кој лесно и брзо ќе се поврзе преку интернет и Bluetooth за поврзување со мобилните телефони.

pametna narakvica voda

Тимот на Cicret нивниот изум го претставија како таблет компјутер на сопственото тело. Се очекува нараквицата да добие две верзии, со меморија од 16 и 32 GB во неколку бои. Најголем проблем за иноваторите претставува батеријата, па поради тоа побарале финансиска помош на глобалната платформа Indiegogo.

Главна предност на нараквицата е тоа што не е многу голема и е водоотпорна. Како најголем конкурент ги сметаат паметните часовници и очила на Google. Кога ќе започне со масовно производство, ќе се продава по цена од 500 евра.