Seavus oтвори уште една канцеларија во Србијa

54

sivus

Продолжува трендот на ширење на најголемата македонска ИТ компанија Seavus. Oфицијално од овој месец започнува со работа и новата канцеларија во Нови Сад, Србија.

Ова е втора канцеларија на Seavus отворена годинава, по онаа во Крагуевац на почетокот на 2014 година.
Технологијата на која примарно, но не и ексклузивно ќе се фокусираaт експертите од новата канцеларија е Еmbedded technology или Технологија за напредни вгнездени системи, наменета за интернационални клиенти.
Ова е четврта канцеларија на Seavus во Србија, а единаесетта по ред во светот, следејќи ја веќе најавената стратегија за експанзија во регионот на Југоисточна Европа.