Италија ќе ги рента замоците, касарните, затворите…

51

Италија одлучи на подолг временски период во наем да ги понуди своите замоци, касарни, па дури и затвори во обид да го пополни буџетот и да го намали својот долг. На листата на стотина недвижнини кои Италија се одлучи да ги стави на пазарот, се наоѓаат средновековниот замок Soriano nel Cimino близу Рим, стариот затвор од 18 век на островот Прочида во Неаполскиот залив, како и три касарни од 19 век во близина на езерото Гарда на северот на земјата.

Агенцијата задолжена за управување со недвижнини предлага наем на 50 години. Со тоа властите се откажаа од претходниот план да ги продаваат историските згради поради падот на цените на недвижностите на италијанскиот пазар за 30% до 40%.

Законот за изнајмување на недвижнини во сопственост на државата постои со години, но единствен потпишан договор досега е договорот за изнајмување на вилата Толомеј во Фиренца за 54.000 евра годишно. Вилата е претворена во луксузен хотел.