To’ak – многу повеќе од обична чоколада

80

Џери Тот, човекот кој себе си се опишува како чоколаден фанатик, произведе чоколадо кое чини 260 долари.

Поради својата ексклузивност, во првата серија беа произведени само 574 To’ak чоколади, а компанијата на својот вебсајт постојано следи и објавува уште колку вакви чоколади се останати во продажба.

Chavi-and-Jerry-Entrance-Sign-compressd1

Пред да го започне бизнисот со чоколадо, 36 годишниот Џери од Чикаго работел на Wall Street, во инвестициската компанија Solomon Smith Barney. По некое време увидел дека работата во канцеларија не е за него и решил нешто да промени.

Tака, со заштедените пари во џеб тој заминува на една тура низ Јужна Америка во надеж дека ќе се “пронајде себе си”.

За време на престојот во Еквадор, Џери го создаде Еколошкиот резерват Jama-Coaque, во провинцијата Манаби, место каде се произведува квалитетно какао.

toak-chocolate-box-700x263

 

Таму ги запознава пријателите кои ќе му помогнат да го создаде чоколадото To’ak.

Благодарение на локален фармер кој го упатува во недопрена долина со Fino y de Aroma какао дрвја, Џери ја пронаоѓа својата идна професија – производител на чоколади од чисто какао.

Покрај фармерот, на Џери му се придружува и Австриецот Карл Швајцер, кој ја дели истата замисла и страст како него.

Двајцата ја основаат компанијата To’ak, во партнерство со 14 локални фармери. Освен нив, компанијата има уште пет вработени на полно работно време.

bean-and-bar-optimized

Ова чоколадо се разликува од останатите не само поради својата висока цена, туку и поради квалитетните состојки од кои истото е произведено. To’ak содржи 81% какао и 19% шеќер. Во него нема никакви адитиви ниту засилувачи на вкус.

Секоја серија е рачно ферментирана, печена и чувана во буриња од шпански брест на фармата во Еквадор и потоа секое чоколадо е рачно пакувано.

extralarge

Иако 260 долари за 50 грама чоколадо е навистина многу, Тот ја оправдува цената со оглед на тоа што е произведно од редок вид на какао, со беспрекорниот производствен процес, кој тој и неговиот партнер го надгледуваат во секој чекор.

“Ние всушност и не правиме некаков профит, само заработуваме за живот работејќи нешто што сакаме”, вели Џери Тот.