Британската телекомуникациска компанија Orange стои зад футуристичката кампања #futureself во облик на интерактивна платформа во која луѓето гледаат како би изгледале за 20 години.
Корисниците можат да “се запрашаат себеси“ за се она што ги интересира и она што би им се случило во 2034 година. Најчесто поставуваните прашања се поврзани со начинот на живот, навиките и личната среќа, а одговорите се адаптирани да бидат барем малку реални и соодветни за 2034 година.
Оваа платформа има софтвер што со помош на камерата од компјутерот го претвора лицето во анимација и ги меморира движењата. На тоа се надополнува и 3D технологија што создава симулација на стареење, како и Google што го прави гласот да звучи постаро.