Во Метрополис арената на Скопски саем вечер почнува Винскиот фестивал 2014.
Манифестацијата четврта година по ред ја организира Групацијата ЕРА. Оттаму најавуваат одлична забава со Дивље јагоде, Симон Kиселички – трио, Нокаут, Аренси бенд и атракцијата Хавана микс од Куба која ќе настапува сите три дена.
Посетителите ќе можат да уживаат во вкусот на околу 200 различни вина од домашните винарии, но и да пробаат странски, пред се, италијански вина.
“Фестивалот почнува во 19 часот, со свирка на Деј оф. По нив се Кубанците Хавана микс кои ќе изведуваат светски хитови, но и традиционална, етно музика. Вечерта завршува со Дивље јагоде. Во петок е Симон Киселички со своето трио, повторно Хавана микс, потоа Нино Величковски со Алтан оркестарот, додека во сабота, на завршната вечер, настапуваат Аренси бенд, Хавана микс и Нокаут“, информира проект менаџерот на Винскиот фестивал, Иво Ивановски.
Според него, Фестивалот претставува промоција на нашата богата винска култура и проширување на семејството на вински ентузијасти.
Влезниците чинат 100 денари, а чашите за вино ќе се продаваат за 50 денари.