Канцерогени чевли на турскиот пазар

38

kancerogeni cevli

Околу 33.000 пара чевли, кои биле нелегално транспортирани, изработени од канцерогени материјали се нашле на турскиот пазар, предупредува турскиот министер за трговија, Нуретин Чаникли.

“Околу 33.000 пара чевли изработени од канцерогени материјали се запленети во рамки на рутинска контрола на инспекциските служби, по што одлучивме да ги уништиме. Проблемот е во тоа што овие производи биле продавани на домашниот пазар на нелегален начин“, рекол Чаникли, пренесува Хуријет.

Во меѓувреме, пронајдените канцерогени чевли се уништени, а фотографиите од нив се испратени во одделенијата на ресорното министерство во 81 провинција, за да се алармира навреме доколку се уште ги има на пазарот.

Иако знаат од кој бренд се канцерогените чевли, министерот Чаникли смета дека не е во ред нивните имиња да се обелоденат во јавност.