100% поддршка во битката со ракот на дојка

61

Повод за ова собирање е 100% поддршка на пациентите во борбата со ракот, водена од врвните експерти од оваа област, кои ги опфаќаат сите аспекти во дијагностицирањето и третманот на ракот на дојка. Вклучени се експерти во делот на дијагностицирање, оперативно лекување, пред и постоперативни патохистолошки и имунохистохемиски анализи, онколошки и радиолошки третмани и естетска реконструктивна хирургија.

Овој тим го сочинуваат доктори од Приватната општа болница Ре-Медика и јавното здравство: Д-р Елизабета Бабушку и Д-р Наде Петановска од ПЗУ Ре – Медика, Д-р Сашо Банев, ПЗУ Биопсија, Проф. Д-р Андреја Арсовски, стручен директор на Ре – Медика, Проф. Д-р Љубе Ивковски од ПЗУ Хистолаб, Д-р Нино Васев, Д-р Мери Пешевска и Д-р Марија Вукашиновиќ од Клиника за радиотерапија и онкологија, Д-р Огњен Даскалов од ПЗУ Д-р Даскалов.

“Борбата против ракот на дојката мора да се води милтидисциплинарно и со индивидуален пристап кон секој од пациентите. Со овој тим секој пациент ќе биде сигурен дека од нас добива 100% поддршка во битката со ракот. Мултидисциплинарниот пристап ги обединува специјалистите и супспецијалистите радиолози, патолози, хирурзи, онколози во намерата да се спасат што повеќе животи и пациентот да може да го продолжи животот со поголема самодоверба, охрабрени, мотивирани и излекувани. Овој тим покажува дека неопходна е соработка, дека кај нас пациентот е на прво место и тоа не е само флоскула, туку и реалност. Како доктори и специјалисти сепак стоиме на ставот дека најдобри резултати во третманот на ракот на дојката се постигнуваат со раното откривање и навремената интервенција“, изјави  Проф. Д-р Андреја Арсовски, торакален хирург, стручен директор на Ре – Медика.

Ре – Медика располага со најсовремен дигитален мамомат, надграден со систем за стереотактични инвазивни процедури кој е единствен во Република Македонија и ултразвучен апарат со специјално конструирана мултифреквентна сонда, со можност за правење на доплер студија и MICRO PURE студија за детекција на микрокалцификати.

Тука се изведуваат сите инвазивни дијагностички процедури за додиференцирање на патолошките промени водени под ехо и мамографија. После извршениот хируршки зафат, оперативниот материјал се испраќа во хистопатолошка лабораторија, на понатамошно испитување. Целта на овие испитувања е да се одредат сите карактеристики на малигните клетки како и стадиумот на болеста. Овие параметри се клучни за правилен и современ третман со хемотерапија, хормонална терапија, херцептин, зрачна, како и најсовремена таргет терапија.

Потполното излекување подразбира комплетно враќање на пациентите во сите професионални, семејни и други активности за што честопати е потребно да се направат и реконструктивни естетски интервенции како и континуирана психолошка поддршка.