МЕА ќе го разгледува Предлог – енергетскиот биланс на Македонија

46

Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија денеска на седница ќе го разгледа Предлог – енергетскиот биланс на Република Македонија за периодот од 2015 до 2019 година.

Во овој документ се опфатени сите предвидувања за потребата од енергенси на македонската индустрија, односно од електрична енергија, нафта и нафтени деривати, гас, јаглен,.. за следните четири години.

На седницата енергетските компании и претставниците на поголемите индустриски капацитети ќе можат да ги изнесат своите потреби за енергија и евентуалните забелешки на предвидените количини во Предлог -енергетскиот биланс. 

Претходно енергетскиот биланс се правеше на годишно ниво, но со последните измени на Законот за енергетика предвидено е да се прави на среднорочно ниво.