На вчерашната седница, Комисијата за хартии од вредност издаде одобрение на Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје, за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда.
Се работи за 750 обични акции, во вкупен износ од 78.750 евра. Приватната понуда е наменета за постојаниот акционер и институционален инвеститор, осигурителното друштво Кроациа Осигурување д.д. Загреб.
Согласно одлуката на Собранието на акционери на Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје, сопствени акции ги продава заради прибирање парични средства. Одлуката е донесена согласно со Собранието на акционери на Друштвото.