Индиските нафтени компании се заинтересирани за стекнување удел во истражените наоѓалишта на нафта или во оние што се разработуваат заедно со руските компании.
Индија е заинтересирана и за купување на удел во предложените проекти за течен природен гас во Русија и за купување на руска нафта и течен природен гас, пишуваат руските медиуми.
Во август во индиските медиуми се пишуваше дека конзорциум индиски компании во секторите нафта и природен гас планира да придобие 15% удел во проектот за течен природен гас Јамал СПГ.