Бугарските работодавци очекуваат темпото на вработување малку да се зголеми во првото тримесечје на 2015 година, покажуваат податоците од истражувањето на пазарот на труд што го спроведе Manpower Бугарија.
Планови за вработување нови луѓе имаат 13% од компаниите вклучени во истражувањето, во кое учествувале 751 компании од десет сектори во пет региони – Бургас, Пловдив, Русе, Софија и Варна, пишува софиски Дневник.
Најоптимистични се работодавците од секторите транспорт и комуникации, каде очекуваат зголемување на вработените за 19% и финансии и бизнис услуги, 17%. Производството и трговијата на големо и мало очекува зголемување за 13%, а во хотелскиот и угостителски бизнис 8%. Најслаба стапка на вработување се очекува во секторот градежништво, 3%.