Бруто домашниот производ со раст од 4,1% во третото тримесечје

15

Бруто домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од оваа година забележа раст од 4,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2014, најголем пораст е забележан во секторите: Преработувачка индустрија од 16,6%, Уметност, забава и рекреација, Други услужни дејности, Дејности на домаќинствата како работодавачи, Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 11,6%, Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 8,2% и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 7,5%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во третото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 1,7%, а нејзиното учество во
струкурата на бруто домашниот производ изнесува 67,9%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,6%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10,8%.