Американскиот технолошки гигант Apple ја запира on line продажбата на своите производи во Русија, бидејќи вредноста на рубљата е исклучително променлива, пишува британскиот сервис BBC.
Од таа причина, Apple ја запре продажбата на iPhone, iPad и другите производи во Русија, само еден ден откако руската рубља е во слободен пад.
Рубљата загуби повеќе од 20% од својата вредност оваа недела и покрај драстичната одлука на централната банка на Русија за подигнување на референтната каматна стапка од 10,5% на 17%.
Apple минатиот месец ја зголеми цената на своите производи во Русија за 20%, откако слабеењето на руската рубља направи производите на Apple да бидат поевтини во споредба со другите земји во Европа.