ЦЕЕД Македонија започна со едукација на најмладите, членовите во новиот ЕДУ Клуб. ЦЕЕД Едукација (ЦЕЕД ЕДУ) е програма која го доближува претприемачкиот дух до децата и младите преку пренесување, доживување и практикување успешни приказни од светот на бизнисот. Тоа е програма во која учествуваат децата на членовите на ЦЕЕД клубот, а е изградена врз основа на знаењата и искуствата на експерти од областа на едукацијата, како и на искуствата од менаџери и претприемачи. ЦЕЕД ЕДУ е програма која ги насочува младите кон подигнување на креативноста, имагинацијата, вредностите и способностите.
Целта на оваа програма е да помогне во создавање идни генерации кои ќе го користат сопствениот потенцијал за успешен, среќен и исполнет живот.
ЦЕЕД ЕДУ придонесува со леснотија да се изберат и практикуваат активности и професии кои се во склад со природата на личноста. Леснотијата на развојот на децата и младите лежи во леснотијата на препознавањето на сопствените чувства, желби, стравови, барања, потреби.
Оваа програма е уникатна, бидејки на овие простори единствено ЦЕЕД работи на зближување на бизнисмените со своите деца и семејства преку доближување на работата и секојдневните обврски до децата.
ЦЕЕД ЕДУ се обидува да го вклучи детето во деловниот живот на родителот, а сето тоа да му биде исклучително забавно. Освен забавата и квалитетно поминатото време, на децата ќе им бидат претставени предизвиците со кои се соочуваат нивните родители, по методологија соодветна за нивната возраст.
Поттикнувањето на претприемништвото е способност на индивидуата да преточи идеи во акција, тимска работа, креативност и иновативност. Развивање на способностите на 21 век овозможуваат развој на успешна личност, преносливи вештини, знаење и однесување. Сето ова ќе се вежба преку различни форми на средби во ЦЕЕД ЕДУ.
ЦЕЕД ЕДУ е наменета за деца од 6-18 години и 19-28 години. Средбите се одржуваат еднаш месечно.