Бизнисот во Хрватска се повеќе користи детективски услуги

78

detektiv

Во Хрватска во последните пет години се забележува се поголема потреба за услуги од детективи, кои се однесуваат на безбедносен консалтинг, помош на менаџери, управи и сопственици на фирми во одлучување околу преземање мерки во кризни ситуации, работење со трети лица или фирми, преземање на фирми, човечи ресурси, заштита на интелектуална сопственост, заштита на деловни тајни, стои во соопштението на Хрвтаската стопанска комора, пишува Пословни дневник.

Сето тоа упатува на се поголемата потреба на пазарот за услуги на безбедносен business intelligence, со оглед на фактот дека навремената информација претставува предност/профит и создава предност на пазарот.

Во Хрватска се регистрирани 110 лица со лиценца за приватен детектив, а нивни најчести клиенти се физички лица, адвокати, инвеститори, менаџери, осигурителни куќи, шефови на фирми за обезбедување, банки и трговски ланци од Хрватска, ЕУ и пошироко. Детективските агенции соработуваат со европската и светска детективска мрежа, хрватската полиција, јавното обвинителство и со царината.