Риечките претприемачи Андрија Чолак и Денис Полиќ кои го ставија помфритот во специјално осмислена амбалажа, го патентираа и го продаваат преку франшизи низ Хрватска, Словенија, БиХ и Црна Гора, на почетокот на 2013 амбициозно влегуваат на турскиот пазар.
Нивниот прв Surf’n’Fries во следните неколку денови треба да се отвори во Истанбул.
“На проектот работиме последните 10 месеци. Со турскиот партнер отворивме joint venture компанија во мај годинава. Планираме да отворимке пет објекти во 2013 година, а во следните пет години, вкупно 50 објекти”, вели Андрија Чолак и додава дека за Турција се одлучиле поради големиот потенцијал на пазарот, неговата големина и силниот економски раст во последните 10 години.
“Додека Европа тоне во криза, Турција имаше кумулативен економски раст од 59% во последното десетлетие, па странските инвеститори ја препознаа како перспективен пазар со се подобар кредитен рејтинг”, објаснува Чолак.
Хрватските претпиемачи најавуваат дека 2013 година ќе биде година на ширење и на Катар, Египет и Германија, а во тек се преговори со странски инвестициски фонд за заедничко инвестирање на пазарот во Индија.
Surf’n’Fries како франшизен ланец вработува 100 луѓе и остварува промет од скоро четири милиони евра годишно. Главен дистрибутер им е Подравка, која по нивни рецепти произведува и дел од сосовите, додека за пилешкото главен доставувач им е Виндија.