Хрватски брани ќе ја спасуваат Венеција од поплави

71

Brana1

Хрватската компанија Бродосплит потпиша договор со италијанската Costruzioni Mose Arsenale за изградба на челични брани што ќе ја бранат Венеција од поплави. Договорот е во вредност од 50 милиони евра, а изградбата на 41 брана се дел од проектот Мојсеј за одбрана на градот од висока плима.

Браните, секоја тешка по 300 тони, конструирани се како резервоари полни со воздух, т.е. со вода. Оние што се полни со вода ќе лежат на дното, а оние полни со воздух ќе се креваат кон површината и ќе ги затвораат влезовите во лагуната. Кога ќе се испушти воздухот, повторно се полнат со вода и се спуштаат на дното на морето, стои на страната на Бродосплит.

brana 2